Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, кој е во посета на Приштина, се согласи економската канцеларија на Косово во Атина да се подигне на ниво на Канцеларија за врски која ќе се занимава со политички прашања..

Косовската министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала, во изјава за медиумите по средбата со нејзиниот грчки колега, рече дека е договорено да се продолжи соработката во повеќе области, кое почнува со подигање на статусот на косовската канцеларија во Атина.

Но, грчкото Министерство за надворешни работи неодамна објави дека позицијата на таа Атина останува непроменета и дека Грција не ја признава независноста на Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше посетата на грчкиот министер на Приштина:

„Да не ја залажувамее јавноста, тие веќе ги подигнаа односите со Косово. Тоа е нивно право, тоа веќе се случи. Тие веќе преминаа три скалила, да се надеваме дека четвртото нема“, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.