Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа, по завршувањето на воената вежба на Војската на Србија „Огнен штит 2022“, на која за првпат беше прикажано делувањето на противтенковските ракети Корнет, изјави дека армијата на земјата сега е многу посилна.

Истовремено, тој најави набавка на борбени беспилотни летала „Бајрактар“ ​​од Турција, пренесува „Танјуг“.

Во разговор пред два дена го прашав турскиот претседател Ердоган за ‘Бајрактари’ и добив ветување дека ќе можеме да ги купиме преку ред и да ги вклучиме во вооружувањето на српската армија“, рече Вучиќ.

Сепак, српскиот председател нагласи дека армијата ќе мора и натаму да ги зајакнува своите хеликоптерски единици и флотата на беспилотни летала – дронови.

Според него, српската армија располага со беспилотни летала Врабац, како и CH92 со помала разорна моќ, но ќе мора да се набават и летала CH95 со поголема разорна моќ.

Тој најави и дека во вторник или среда ќе биде претставено новото оружје, кое ќе биде најмоќното оружје што Србија го имала досега.

Во вторник или среда, добредојдени сте да ја видите гордоста на српската армија“, рече Вучиќ, одбивајќи да каже за кое оружје станува збор.

На прашањето како го коментира тоа што француските медиуми објавија дека Србија е заинтересирана да купи 12 нови борбени авиони од типот Рафале, Вучиќ рече дека за нив преговарал една година.

Веќе една година преговараме за купување на 12 нови авиони, а со друга земја преговараме за купување на 12 половни авиони од тој тип“, посочи српскиот претседател.

Тој додаде дека се разговара и за трета варијанта, таканаречената комбинирана авијација со ловци и бомбардери и дека во тоа се вклучени три земји, но дека се појавуваат и нови заинтересирани земји, па конкуренцијата е голема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.