Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе разговара утре преку видео конференција со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, за подобрување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“.

Вучиќ на прес-конференцијата на 24 јуни изјави дека очекува на тој состанок да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.

Кога станува збор за односите во регионот, тој пред новинарите пред четири дена изјави дека соработката со Македонија и Албанија ќе продолжи да се зголемува.

Жал ми е што на Албанија и Македонија не им дадоа датум за почеток на преговори затоа што сметам дека тоа е нефер“, нагласи Вучиќ тогаш.

Иницијативата „Мал Шенген“, што во моментов ги вклучува Србија, Албанија и Македонија, беше покрената во 2019 година од трите земји како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка. Идејата на трите земји од Западен Балкан е да создадат единствен пазар со цел да се забрза нивниот економски развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.