Осврнувајќи се на одбивањето на ЕУ да одреди датум за почеток на преговорите за членство со Македонија и Албанија, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ги предупредил лидерите на двете земји дека очекувал таков исход, иако тие се надевале на поинаков.

Вучиќ, гостувајќи на ТВ Прва, додаде дека албанскиот премиер Еди Рама му испратил порака велејќи му дека бил во право во врска со односот на Европа кон регионот.

Тој наведе дека „согледал и посочил што ќе се случи со Македонија и со Албанија и дека неодамна во Нови Сад тоа им го кажал и на премиерот Зоран Заев и на Рама. Според Вучиќ, Заев се вцрвенил во лицето и не верувал дека земјава нема да добие зелено светло.

Загрижен сум од можна дестабилизација и ескалација на конфликт во регионот, но ние работиме да не дојде до тоа, изјави српскиот претседател, додавајќи дека прави се за да го спречи тоа, нагласувајќи дека Србија мора да се вооружи „како што тоа го прават сите земји околу“.

Вучиќ оцени дека „иницијативата од Нови Сад со Македонија и Албанија е многу важна за Србија, бидејќи исто така е и мировна и политичка иницијатива, но и економски важна“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.