Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Скопје процени дека тоа е потребно.

Доколку има потреба да му се помогне на Скопје во гасењето на пожарите, ние веќе донесовме одлука и се согласивме нашите хеликоптери за гасење на пожари, бидејќи можат да носат 1.200 литри вода, да помогнат во гасењето на пожарите. Се надевам дека сега ситуацијата е многу подобра – изјави Вучиќ по посетата на завршните работи за реконструкција и изградба на Клиничкиот центар на Србија во Белград.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.