Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е шокиран од идејата на европските лидери за воведување ковид пасоши во Европа и дека го смета тоа за срамна и антиевропска одлука.

Според Вучиќ, ковид пасошите ги газат највисоките европски вредности, а тоа се слободата на движење и изборот, пишува Курир.рс.

Сметам дека сите треба да се вакцинираат, но кој смее некому да го ограничи правото на движење ако тој не сака или не може да прими вакцина – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател смета дека ковид пасошите ќе ги натераат младите кои сакаат да патуваат побрзо да се вакцинираат на сметка на тоа што намерата во сите земји е прво да се заштитат повозрасните граѓани.

Да беше по ЕУ не би имале ниту еден вакциниран. Ние сме на европскиот пат, а тие воведуваат ковид пасоши за Западен Балкан. Колку вакцини ни додоа? Нула од Ковакс механизмот – изјави Вучиќ.

Тој соопшти дека се уште не е вакциниран и објасни дека дека планира да се вакцинира откако бројот на вакцинирани граѓани со по две дози ќе надмине милион.

Јас сум единствен во претседателството кој нема антитела зашто уште не сум вакциниран. Да се вакцинирав порано секој ден ќе имаше за тоа во медиумите. Не е во прашање една вакцина туку принцип – вели Вучиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.