Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека во земјата денеска пристигнале уште 10.000 вакцини против корона вирусот.

Од рани зори борба за вакцини, за секоја вакцина, за секој граѓанин на нашата Србија! Многу состаноци, многу тешки разговори – вели Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.

Според српскиот претседател, светот денес е како Титаник, каде што секој се бори да преживбее како може и умее.

Богатите пробаа да обезбедат чамци за спасување само за себеси, богатите и големите, а нас останатите да не остават без ништо, да потонеме заедно со Титаник. Ние сме жилав народ, ќе се бориме! Ќе се бориме за својот опстанок, ќе се бориме за животот на Србија и ќе успееме во тоа. Затоа сакам да ве известам дека утринава добивме овде во Белград уште 10.000 нови вакцини. Ќе успееме и ќе победиме заедно! – порача Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.