Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека прв ќе ја прими вакцината за која српските стручњаци ќе му кажат дека е добра и дека може да помогне во превенција на болеста Ковид-19.

На прашањето дали Србија разгледува да ја користи руската вакцина, која е веќе регистрирана, Вучиќ изјави дека со радост ги слуша вестите за тоа дека Русите произвеле вакцина.

Само, тоа мора нашите стручни тимови да ни кажат дека е безбедна и сигурна – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека е важно што попрво да се појави вакцина, затоа што, според него, тоа е важно и за спас на економијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.