Владата на Србија донесе одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура, кој беше вратен во Собранието на Србија на повторно разгледување од претседателот Александар Вучиќ.

Владата на Србија ќе анализира дали се неопходни измени на Законот за експропријација и доколку се утврди дека треба да се менува Законот, тоа ќе го направи со широка јавна расправа која ќе ја вклучи стручната јавност, професионалните здруженија, бизнис претставници и граѓанското општество.

Владата на истата седница му предложи на Народното собрание измени на Законот за референдум и народна иницијатива кои се однесуваат на заверка на потписи, претставници на овластениот предлагач на референдумот тело кое распишува референдум.

Вучиќ вчера изјави дека на саботните протести низ Србија учествувале 31.000 луѓе, од кои 8.000 биле во Белград, најмногу кај Сава Центар – 4.190.

Вучиќ вечерва во јавното обраќање потврди дека го вратил Законот за експропријација на повторно разгледување во српското Собрание, бидејќи законот не ја уредувал областа на вистински начин и дека предложил измени на Законот за референдум и Народната иницијатива.

Со ова се исполнуваат сите барања на народот на протестите, нагласи Вучиќ и објасни дека законската процедура ќе биде завршена до петок и дека се е во согласност со ингеренциите на претседателот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.