Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Брисел побарал од претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер да го изземе Западен Балкан од својот систем на квоти за челик.

Имаше едно нешто што го ставив во фокусот на разговорот, а тоа беше Железарата. Мојата идеја е да се борам за Србија, но и за Северна Македонија и Босна и Херцеговина, затоа што и тие имаат железари. Апелирав да го исклучат Западен Балкан од нивниот систем на квоти, им изјави Вучиќ на новинарите.

Тој посочи дека ние на Балканот сме мали и дека со квотите што ги имаме ќе ја загубиме работата, која е многу важна за нас.

Мислам дека би било извонредна одлуката да се исклучи Западен Балкан од системот на квоти. Тоа беше многу важно за мене, рече Вучиќ.

Претходно, Вучиќ рече дека само го молел Јункер за Железарата, да помогнат, затоа што со продолжување на квотите, ќе се уништи производството, особено за ладно и топло валаниот лим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.