Претседателот на Србија Александа Вучиќ по посетата на Обединети Арапски Емирати и Бахраин ќе го посети секое населено место и сака да се увери како тече имунизацијата на населението.

Штом ќе се вратам во земјата, ќе ги посетам малите места, да видам зошто таму е помал интересот за вакцинација против ковид-19, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека планира таму да се вакцинира.

Лично сакам да се уверам зошто во руралните средини послабо оди вакцинацијата. И планирам таму да се вакцинирам, рече Вучиќ.

Тој ќе прими кинеска вакцина, но додаде дека би се согласил на која било.

Би можел која било вакцина да ја примам, можеби некоја друга би создала повеќе антитела, но мислам дека кинеската е фантастична, изјави Вучиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.