Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека при разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, „се однесувал одговорно и учтиво“ и дека разговорот бил „одличен“.

Секогаш би го повторил тоа, затоа што моја обврска е да направам се што можам за мојата земја, за Србија. И, се обидов да направам се што можев да биде во интерес не само на Србија, туку и на сите други во регионот – вели Вучиќ во интервју за сараевскиот „Дневни аваз“.

Српскиот претседател потенцира дека не му паднало на памет поради столицата на којашто седел во Овалната соба во Белата куќа, да ја напушти средбата со Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.