Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека како шеф на државата нема да потпише закон за истополови заедници, доколку Народното собрание го усвои, бидејќи е „должен да го штити Уставот“.

Уставот упатува на Семеен закон, кој го дефинира бракот како со закон уредена заедница меѓу маж и жена. Затоа, закон за истополови заедници не би можел да потпишам и би го вратил во Парламентот, истакна Вучиќ во интервју за „Блиц“.

Тој додаде и дека не ја исклучува можноста Уставот да се измени во иднина, но засега е така.

Запрашан каков е неговиот личен став кон законот, Вучиќ одговори дека тоа го покажал со изборот на Ана Брнабиќ за премиер, но истовремено не е жесток застапник на истополовите заедници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.