Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека се уштене размислува за избориите кои се најавени за следната година и дека не знае дали повторно би се кандидирал за претседател, зашто сега, како што вели, поважни му се прашања од значење за земјата и грашаните.

Тој вели дека годинава имал многу грижи – вакцините, новиот вид на корона вирусот, Косово и Метохија, па дури и Република Српска.

Не знам дали ќе се кандидирам за претседател. Не одлучувам само јас, тоа е делумно моја одлука, а делумно склоп на околности. Ако видам дека постои можност друг да победи во првиот круг, ќе кандидраме друг, изјавил Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.