нАвионот на „Ер Србија“ со првиот контингент кинески вакцини, лично на белградскиот аеродром го дочека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Со Вучиќ на аеродромот била и кинеската амбасадорка Чен Бо, шефот на БИА Братислав Гашиќ, министерот за здравство Златибор Лончар.

Убав е овој авион, убави ни се знамињата, ексцеленцијо, ѝ рекол претседателот на амбасадорката Чен Бо додавајќи дека во секој од тие контејнери има по 125.000 вакцини.

Претседателот потсетил и на покојниот капетан на Ер Србија, Светислав Враниќ кој починал од корона, а Србија ќе го памети по првиот лет со кој беше примена помош од Кина на почетокот на пандемијата.

Вучиќ додал дека Србија се уште не добила ниедна вакцина преку Ковакс, туку дека сите вакцини кои стигнале во земјата се резултат на билатерални договори – со Американците за Фајзер, со Русите за Спутник и со Кинезите.

За среќа бевме паметни да работиме за земјата и да го извлечеме најдоброто од нашите партнери. Имам искуство, знам како оди тоа и колку мора да се борите за земјата да добие нешто. Има земји кои немаат ниедна вакцина, рекол Вучиќ.

Тој пред новинарите на аеродромот рекол дека вакцината ќе биде во употреба штом добие дозвола од српската Агенција за лекови и медицински средства.

За седум-осум дена ќе се вакцинирам. Важно е дека не сум прв, да не кажат после дека себе се спасував. Многу поважно е вакцината да ја примат старите лица – рече Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.