Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Брисел порача дека на Белград му е јасна пораката која премиерот на Косово, Албин Курти ја испратил со гласањето на парламентарните избори во Албанија.

По разговорот со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, Вучиќ за телевизија „Пинк“ изјави дека на состанокот „укажал на фактот дека Курти се фали со тоа што гласал во Албанија“ и дека со тоа фактички зборува дека Приштина и Тирана се во иста земја.

Иако Косово е дел од Србија според нашиот Устав, што би рекле доколку јас гласав во Грачаница, Звечањ или Зубин Поток, иако овие две работи не се за споредување. Ако јас го направев тоа, тоа би било скандал од светски размери, а кога тие фактички говорат дека одат кон обединување на Приштина и Тирана, тогаш имаме благи реакции, некое чудење и тоа е се – вели Вучиќ.

Тој наведе дека Србија позитивно ќе одговори на повикот за дијалог со Приштина во Брисел.

Би сакале дијалогот да биде конструктивен, а ќе видиме каков ќе биде. Постојат многу проблеми, пред се во енергетиката, и тоа се работи кои мора да се решаваат поради различните толкувања и желбите на некои да покажуваат мускули на северот од Косово – додал српскиот претседател.

По повод најавите на приштинските власти дека ќе бараат враќање на дијалогот на почеток, Вучиќ вели дека тоа е невозможно и дека станува збор за „приказни за внатрешна употреба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.