Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се сретна со холивудската ѕвезда Џони Деп, кој денеска пристигна во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Деп доаѓа во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“ (ИЕС).

Продукцијата на ваква серија е важна не само за студиите Јерволино и Архангел Дигитал Студио, кои го изнесоа овој проект, туку и за српската креативна индустрија, како и за промоција на Србија во светот, изјави Вучиќ.

Како што соопштија од неговиот кабинет, тој нагласи дека за почитта што ја покажува кон Србија, како и за бројните проекти во кои се вработени голем број млади луѓе во Србија, ќе го одликува Џони Деп на свечена церемонија на Денот на државноста на Република Србија.

Почестен сум со одлуката да ми биде доделен Орден за заслуги. Ќе ми биде голема чест да дојдам во Србија на 15 февруари и да присуствувам на свечената церемонија. Ќе продолжам да работам на промоција на вашата прекрасна земја, посочи Џони Деп, заблагодарувајќи му се на претседателот Вучиќ за укажаната чест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.