Граѓани, јас сум тука, на своето работно место и неикаде нема да побегнам, изјавил предмалку претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој се обратил откако денеска група демонстранти веќе неколку часа протестираат пред зградата на Претседателството во Белград.

Ова за што јас се борам и принципите за кои се залагам се повредни од животот и од се друго. Никогаш нема да престанам да се борам за пристојна Србија, ниту ќе потклекнам пред фашисистичкиот лидер, Обрадовиќ и тајкуните кои ја ограбија Србија, истакнал Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.