Најголемиот авион на српската флота „ербас А330“ слета вечерва во Србија со помошта пратена од Кина, пренесуваат српските медиуми.

Кина испрати медицински апарати, средства за дезинфикација, маски и друга заштитна опрема, како и тим од шестмина експерти кои се бореа против епидемијата во кинески Вухан каде што изби заразата.

На пакетите што пристигнале од Кина стои натписот „челични пријатели, го делиме и доброто и злото!“, на српски и на кинески. Помошта и експертите ги пречекаа српскиот претседател Александар Вучиќ и амбасадорката на Кина во Србија Чен Бо. Предвиден е уште еден лет од белградскиот аеродром во Кина, за преземање на втора пратка помош наменета за Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.