Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер, зобруваше за енергетската криза која го очекува Светот.

Тој потенцираше дека одредени земји ќе бидат принудени да ги затвораат моловите поради најавената криза.

Се што создадовме во последните 10 години може да исчезне за шест месеци, и тоа не по наша вина. Во некои земји ќе се затвораат и шопинг моловите затоа што компаниите нема да може да плаќаат“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека уште полоша ќе биде ситуацијата идната година, односно зимата 2023/2024 година.

Знаеме колку ќе биде тешко да се преживее есента, зимата, па и пролетта. Мислам дека уште полоша ќе биде идната зима“, изјави српскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.