Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел е во посета на Косово, Србија и Грција.

Тој вчера се пофали на Твитер дека одлично си поминал на вечерата во Белград што му ја организирале претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Тие го однеле гостинот на еден брод на Дунав и имало добра забава.

Срби и Американци пеат за Алабама и Западна Вирџинија, неверојатна ноќ-напиша Гренел.

Најмногу се пееле  “Country roads” i “Sweet home Alabama”.При тоа Вучиќ му подарил колекција српски вина, а пак Гренел биографија за Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.