Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање по повод оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не гледа причина за еуфорија, бидејќи верува дека оставката на Харадинај е политички трик, за да добие популарност.

Вучиќ предвидува дека Харадинај ќе биде пуштен за 48 часа и ќе се врати како голем албански херој.

Тој е убеден дека таксите на српските производи нема да бидат укинати, а западните сили често ќе вршат притисок и ќе го уценуваат Белград со изговор дека косовските лидери ги испраќаат во Хаг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.