Груевски ме мачеше, немав стратегија за него, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју зборувајќи за инвестицкиот бум во Србија во последните години. Србија прерасна во Балкански лидер по странски инвестиции, а претседателот на дрѓавата вели дека дури 62% од вкупните инвестиции во Западен Балкан пристигнуваат во Србија. Во моментов нашиот северен сосед се чувствува супериорно, или како што вели Вучиќ, нема кој да ни ги преземе инвестициите.

Сите фабрики ги донесовме ние. Донесовме инвеститори, ја направивме најдобрата политика. Нè мачеше Груевски. Година и пол барав тактика за нив. Нè мачеше зашто имаше добра политика за привлекување странски инвестиции. И цела година лутавме како да направиме подобра програма и најдовме и сите инвеститори им ги презедовме. Сега веќе никој ништо не зема. Сега се стиигнува во Србија, 62% од вкупните инвестиции во Западен Балкан, рече Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.