Српскиот претседател Александар Вучиќ преку „Инстаграм“ сподели дека го завршил првиот семестар на Високата спортска школа и дека ги положил четирите испити.

Како што гледате, добив три десетки и една деветка и жал ми е што не можев да се борам и за четврта десетка, зошто условот за добивање на највисоката оценка е присуствување на практичните вежби, за кои, сепак, немав време, пишува тој и додава дека не му е жал поради тоа, затоа што тоа време го искористил за да ѝ помогне на Владата што побрзо да набават вакцини за граѓаните на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.