Деновиве во Србија се случуваат протести на опозицијата.Познавачите на состојбите на Балканот не можат а да не направат споредба со тоа што се случуваше во Македонија пред пет години кога сегашната власт предводена од Зоран Заев беше во опозиција.

Српскиот Заев во случајот се вика Драган Ѓилас кој нема никаква поддршка која народот а кој тежи стотина милиони евра. Тој е свесен дека на избори не може да го победи Вучиќ и бара помош од странците. Кога не ја доби очекуваната поддршка излезе на улица и бараше повод за немири.

Како повод го искористи тоа што државата дала дозвола за копање на литиум.Тој ги лаже граѓаните што живеат блиску до ископите дека ќе останат без земја или дека ќе биде загадена.

Ѓилас извад и неколку стотини свои приврзаници на протест кои го блокираа автопатот и оневозможија слободно движење на граѓаните.

Нападнат беше и еден багерист кој не можеше да помине бидејќи протестантите му го блокираа патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.