При гостување на телевизија „Пинк“, колку ќе ја чини Србија воведувањето санкции кон Русија, српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека „сè има цена“ и укажа дека Русија секогаш пружала подршка на територијалниот интегритет на Србија.

Наша работа е да постапуваме во согласност со меѓународното јавно право и да ги почитуваме принципите… Многу нè чини тоа што не воведовме санкции, а нивното воведување би нè чинело нашиот принцип да не наметнуваме санкции на никого, бидејќи знаеме колку е тоа неморално – порача Вучиќ.

Тој објасни и дека летовите на „Ер Србија“ кон Русија не носат никаков профит, но дека Србија тие летови ги одржува од принцип.

Српскиот претседател се осврна и на честите дојави за бомби во тие авиони и истакна дека истите доаѓаат од службите на Украина и на една земја од Европската Унија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.