Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на презентацијата на предизборната програма на неговата партија посочил дека добил „некои чудни информации на Телеграм во текот на попладневните часови“.

„Но, ние ги анализиравме и сѐ ќе биде во ред. Тоа се однесува на ситуацијата во регионот и ќе успееме да го зачуваме мирот. Слободно бидете спокојни. Сакаме луѓето да живеат во слобода, да живеат во мир, да живеат од својата работа“, рече тој.

Вучиќ се осврнал и на состојбата со храната во регионот и светот, велејќи дека станува јасно дека храната нема да биде доволна за секого.

„Јасно е дека количината на храна што ја имаме во Европа нема да биде доволна за секого. Јасно е дека количината на жита е помала од побарувачката“, изјави српскиот претседател.

Тој додал дека Србија сметала на оваа ситуација и дека има огромни барања за извоз на храна, најмногу од Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.