Вучиќ до хрватскиот претседател: Мислите дека треба да ја бакнувам земјата пред вашите свети стапала?

Балкан 23.02.2020 / 19:48

Српскиот претседател Александар Вучиќ на гостувањето на Првата Српска Телевизија со прилично остар тон му испрати порака на новиот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ.

Зошто од Хрватска идат вакви отровни стрели, пред се спрема мене? Па не реков јас за Хрватите дека се шака мизерија како што Милановиќ рече за Србите дека се тоа. Па како, порака, па нема проблем, не мислам за Србите тоа што го мислам за Вучиќ. Па не мислам ни јас за Хрватите тоа што го мислам за вас. Само тоа вие го рековте за мојот народ, а не јас за вашиот, рече Вучиќ.

Српскиот претседател по прашањето за говорот во Глина продолжи:

Ми го споменувате местото во кое беше најтешко српското страдање, најтешкото српско сеќавање на 1941 година и палење на сите Срби во црквата во Глина. Мислите дека треба да се плашам од нешто? Мислите дека не смеам да доаѓам во Загреб и да ви одговорам на прашањата? Мислите дека треба да ја бакнувам земјата пред вашите свети стапала, бидејќи треба да ви се вчудоневидувам што сте ги истерале сите 250.000 Срби? Не ми паѓа на памет.

Која е цената која можам да ја платам? Тоа што ме напаѓате секој ден, тоа што ви пречам најмногу. Знаете зошто Вучиќ им пречи најмногу? Заради силната српска економија. Затоа што тие имале просечна плата 840 евра кога ние имавме 340. Денеска кај нас е 510-515, а кај нив е 860. Ние се приближуваме и имаме дупло поголем раст од Хрватска. Ние имаме суфицит со Хрватска во последните четири години. Само во времето на Вучиќ“, нагласил српскиот претседател.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот генерал Бен Хоџ, кој запрашал од кого треба Србија да се брани, Вучиќ рекол дека Србија е независна земја и сама ќе одлучува од кого ќе купува оружје.

Заради што, драг генерале, им купувавте хеликоптери на Хрватите? Што им поклонивте, прашал Вучиќ.

 

„Кој ги загрозува нив?“, прашала водителката.

Кој сакал да ги нападне? Заради што им продававте, наши драги германски пријатели и генерали, панцери на Хрватите? Тоа е моето прашање за нив, веројатно заради тоа што имаат уште едно воено неутрална земја во опкружувањето, а тоа е Австрија, па сега – луѓето нека размислат“, заклучил Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.