Расте бројот на заразени од коронавирусот во Србија. Од 245 новотестирани, позитивни на коронавирусот било 81 лице, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 384.

Денес е далеку најтежок ден, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој рече дека за десетина дена ќе се тестираат околу 3000 луѓе дневно, поради што ќе се зголеми бројот на заразени лица.

Но, ние мора да се соочиме со тоа и подобро е да се соочиме со тоа отколку да чекаме да дојде смртта по нас. Болниците секој ден се полнат, ќе има повеќе жртви бидејќи се повеќе луѓе се на респиратор, вели Вучиќ.

Како што рече, подобро е да се обидеме да откриеме инфекција во рана фаза и со тоа да спасиме дел од нашите животи, но и да спречиме ширење на болеста на други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.