Во септември ќе има вонредни избори на кои кандидат за премиер ќе биде Александар Вучиќ, актуелен претседател на државата и лидер на Српската напредна партија, кој веќе бил подготвен да поднесе оставка на претседателската функција, јавува српски „Блиц’.

Оваа објава следува по денешната седница на партиското раководство на Напредната партија, на која Вучиќ одржал „остар говор“.

-Подобро е да се оди во опозиција отколку државата да ни ја водат партиски и приватни интереси. Подготвен сум да одам на избори како кандидат за премиер, но нема да попуштам под уцена, изјави Вучиќ.

Тој рекол дека СНС е сама во одбрана на државните интереси и дека го има народот со себе.

Вучиќ порачал дека „му е доста од корумпирани луѓе кои сакаат да се збогатат на сметка на партијата, често повикувајќи се на него во нивните матни работи и секогаш кога требало да се борат за државата и народот, тие биле први да го свртат грбот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.