Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека имал „отворен и фер“ разговор со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и дека верува во подобрување на односите со САД.

„Отворен и фер разговор со американскиот претставник. Верувам во натамошно подобрување на односите меѓу Србија и САД“, напиша Вучиќ на Инстаграм по средбата во Белград со Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД.

Од кабинетот на Вучиќ по средбата соопштија дека разговарале за процесот на нормализирање на односите со Приштина, формирањето на Заедницата на српските општини и можностите за изнаоѓање компромисни и одржливи решенија во дијалогот што се води со посредство на Европската унија.

  Вучиќ ја „повторил непроменетата позиција“ на Србија во однос на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот и решавањето на отворените прашања меѓу Белград и Приштина, со акцент на целосно спроведување на досега потпишаните договори и зачувување на државните и националните интереси



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.