Во болницата во градот Патра, хоспитализирана е 65-годишна жена со лепра, објави грчката државна телевизија ЕРТ, а според медиумите, ова воедно е и втор случај на лепра во државата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според ЕРТ, жената која е по потекло од Албанија е изолирана во Клиниката за дерматологија, а во болницата се преземени сите неопходни мерки за спречување на ширењето на болеста.

Пред неколку дена, грчките медиуми објавија дека случај на лепра бил регистриран во атинска болница.

Професорот по микробиологија во конкретната болница Спирос Пурнарас, за грчките медиуми го потврди случајот и рече дека повремено постојат случаи, имало и во 2020 година и не е потребна загриженост.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.