Жена е нападната во Лидл Маркет во Сплит, попладнево, непто пред 15 часот. Починала како последица на повредите со нож кои и биле нанесени од страна на маж, кој, според тамошните медиуми, и бил партнер.

Медиумите објавуваат дека маж ја нападнал вработената во Лидл пред очите на купивачите.

Ја уби со повеќе убоди притоа неконтролирано викајќи – велат очевидци.

Полиците и подот биле покриени со крв. Според зборовите на напаѓачот, кој викал по неа додека и нанесувал убоди со нож, се работи за нејзин поранешен партнер. На крвавиот напад му претходела кавга, а насилникот бил совладан од страна на обезбедувањето и неколку маќи кои го легнале на под. Според непроверени информации напаѓачот се обидел да си нанесе убоди и на себе, по што брутално ја нападнал својата жртва.

Кутра жена, стоеше на нозе кога напаѓачот и дојде од зад грб. Имаше капа на глава, нешто викаше и извади нож. Ужасно! Ја прободе неколку пати. Сѐ уште сум во шок! – изјавува девојка, сведок на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.