Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во пукање во автобус со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат медиумите во Приштина. Според најновите информации на „Економија онлајн“, во автобусот било пукано со калашников, а убиени се четири лица.

Од болницата во Пеќ за ТВ Клан Косово потврдија дека загинале двајца студенти и возачот на автобусот. Од болницата велат дека не е познат бројот на повредени. Според Коха, на лице место загинале возачот и кондуктерот на автобусот, како и две помлади лица, родени 2003 и 2004 година.

Полицијата потврди дека неколку маскирани лица го нападнале автобусот, дека возачот е убиен, а неколку студенти се повредени.

Автобусот сообраќал од Дечани кон Глоѓане, а пукањето се случило околу 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.