Една жена настрадала, а 27 патници се повредени утринава нешто после 5 часот, за време на превртување на автобусот на автопатот кај Лесковац.

Сообраќајната несреќа се случила кога од засега непознати причини автобус со сомборски таблички, кој враќал туристи од Ханиоти, излетал од патот и се превртел.

Настраданата жена според неофицијалните била водач на патот.

Застанавме кај хотелот Предејане да одмориме. После тоа убаво тргнавме, се беше нормално и брзината и условите на патот. Возачот супер возеше, ама претходно се пожали нешто дека има шеќер. Дали тоа влајаело или не незнам, ама ние од рамен пат одеднаш свртевме и и се превртевме – рекла една од патничките на автобусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.