Полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден се воведуваат во уште два региони во Грција, а се продолжуваат во уште пет области, јави дописничката на МИА од Атина.

Од рано утрово, половина од полуостровот Пелопонез е во црвената зона, заедно со дел од централна Грција, дел од островот Крит и целиот остров Икарија.

Поконкретно, рестрикциите се во воведени во регионите Арголида и Евританија, а се продолжени во областите Илија, Ахаија и Месинија на Пелопонез, како и на островот Икарија и во градот Ираклио на Крит.

Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.