Барската полиција трага по вооружан маж, кој синоќа упаднал во ресторанот „Савоја“ и со маска на лицето и пиштол во раката го пребарувал локалот.

Полицијата го блокира Бар во целост.

Црногорските медиуми пренесуваат дека маскираниот маж предизвикал палника и страв кај присутните во објектот. Тој забрзано го заобиколил ресторанот загледувајќи се во гостите на секоја од масите и оставајќи впечаток дека бара некој. По неколку минути истрчал од ресторанот и се упатил во непознат правец.

Во инцидентот нема повредени.

Од барската полиција потврдија дека проверуваат што се случило во ресторанот.

Во истиот угостителски објект, пред пет години беше убиен неговиот некогашен сопственик, Баранин Армин Османагиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.