Војници на КФОР пристигнале во близина на административниот премин Јариње каде што веќе осум дена се стационирани припадници на специјалните полициски сили на Косово, Росу.

Станува збор за американски, полски и канадски војници што се дел од мисијата на КФОР на Косово, објави „Косово онлајн“.

Jarinje
Фото: Косово онлајн

Се уште не е познато дали војниците на КФОР имаат задача на Јариње да „ги заменат“ специјалците од Приштина и дали косовските сили ќе се повлечат.

Jarinje
Форо: Косово онлајн

Косовскиот премиер, Албин Курти, соопшти дека заедно со министерот за полиција, Џалал Свечи, имал состанок со командантот на КФОР на кој разговарале за безбедносната ситуација, но дека нема информација дали КФОР се подготвува да интервенира на северот на Косово и да ги замени специјалните единици на косовската полиција, како што објавија некои албански медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.