Презентерка на една албанска телевизија вчера читаше вести во живо кога се случи земјотресот во Албанија. Земјотресот  се почувствува и во Македонија.

Водителката остана прибрана додека десетина секунди се тресеше и телевизиското студио.

За среќа, нема жртви од вчерашниот земјотрес во Албанија. Во Тирана и Драч се оштетени околу 500 објекти, а повредени се околу 100 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.