Демонстрантите во Белград почнаа да флраат камења, факели и шишиња кон влезот на Парламентот каде  се распоредени полициски сили.

Полицијата во одбрана употреби солзавец како и во изминатите три дена додека траат протестите.

Предмалку, полицијата го расчисти платото пред српскиот парламент, но тензијата се уште не е надмината.

Пред српскиот парламент во Белград вечерва се случи инцидент, во кој на едно лице му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.

Приведените се веднаш префрлени со полициско возило во станица.

Во меѓувреме, како што јавуваат српските медиуми, демонстрантите ја напаѓаат полицијата.

Тие ги скршиле вратите и прозорците на портирницата и влегле во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.