На аеродромот во Загреб синоќа пристигнале 19 државјани на Авганистан, од кои 10 малолетни лица.

Од хрватското Министерство за внатрешни работи соопштија дека меѓу пристигнатите се лицата кои им помагале на Делегацијата на Европска Унија во Кабул и членови на нивните семејства.

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ги повика земјите-членки на ЕУ да прифатат членови на персоналот од Авганистан, околу 500 Авганистанци, воглавно преведувачи и помошен персонал и членови на нивните семејства.

Хрватска одлучи да прифати 20 Авганистанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.