Српскиот град Врање е во вонредна состојба.

Кризниот штаб одлучи во Врање да се воведе вонредна состојба поради зголемиот број на новозаразени со коронавирус.

Центарот за јавно здравје во Врање ја оцени состојбата во градот како тешка и нестабилна, по што е донесена одлука за воведување на вонредна состојба.

Ќе бидат засилени мерките од локалната самоуправа.

За 24 часа, во Србија се тестирани 7.150 лица, а потврдени се и 242 нови случаи. 4 лица починале, а на респиратор има 36 пациенти.

Во Србија досега се регистрирани вкупно 14.288 заразени, а починаа 274 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.