Турските власти денеска уапција 43 припадници на „Исламската држава“ под сомневање дека планирале терористички напади на денот на Националниот ден на Турција.Сите се уапсени во регионот на Бурса

Најголемиот дел од нив се Сиријци кои ќе бидат протерани од Турција, а дел ќе бидат задржани во притвор за да се утврди целата операција.Сомневањата се дека нападите требало да бидат одмада за ликвидацијата на лидерот на „Исламската држава“, Ал Багдади.

Како што се наведува во соопштението, се претпоставува дека тројца уапсени ги планирале нападите за време на одбележувањето на Денот на Републиката во Истанбул и дека антитерористичките единици откриле дека осомничените биле во контакт со лица кои требало да им обезбедат логистичка помош за нападот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.