Полицискиот час кој ќе трае до утрото на 4 јануари стапи на сила во четвртокот во Турција, откако одлуката за органичување на движењето на населението беше донесена од владата и потврдена од претседателот Реџеп Тајип Ердоган уште на 14 декември.

Претходно поради влошената епидемиолошка состојба во земјата, турската влада воведе полициски час кој беше на сила од 21 до 5 часот во работните денови, и целосно „затворање“ во текот на викендите, односно од 21 часот во петок до 5 часот во понеделник. Од новите построги антиепидемиски мерки ослободени ќе бидат само некои стопански сектори како што се снабдување и производство.

Како што беше најавено, во земјата ќе има континуиран полициски час од 21 часот на 31 декември до 5 часот утрото на 4 јануари, како дел од борбата против ширењето на новиот вид коронавирус.

Првично беше објавенo дека полицискиот час нема да важи за странските туристи кои претходно уплатиле аранжмани за новогодишните празници во некој од туристички центри во Турција, вклучително и во Истанбул, со потврдување на нивниот туристучки статус. Сепак, во средата турското министерство за внатрешни работи издаде соопштение за воведување дополнителни ограничувања кои ќе важат и за странските туристи.

Според соопштението, од 21 часот на 31 декември до 20 часот на 1 јануари е забрането движењето и собирањето на главните туристички улици и плоштади во сите турски градови и провинции. Во Истанбул, во овој период е забрането движењето по пешачката улица Истиклал и плоштадот Силтанајмет. Во главниот град Анкара забраната се однесува на плоштатод Кисилаи, а во најголемиот крајбрежен град Измир по плоштадот Гундогду.

Покрај тоа, во периодот од 31 декември до 4 јануари забранети се сите масовни забавни насани и во хотелите на целата територија на земјата. Во хотелите во деновите на полицискиот час несмее да се емитува музика преку аудио-системите, како на снимки така и на музика во живо по 22 часот. Наложено е преземање мерки за спречување тисканици во разните содржински делови на хотелите, вклучително и во просториите каде што се сервира храна. Поради тоа, се препорачува прилагодување на работното време на хотелските ресторани и барови.

Првиот случај на зараза со коронавирусот во Турција беше потврден на 10 март кај локален жител кој во татковината се вратил по престој во Европа. До денеска вкупниот број заразени во земјата надмина 2,194 милиони лица, од кои починале 20.642 лица, а оздравеле 2,078 милиони пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.