Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, соопшти дека е пронајдена „тајна просторија“ со десет килограми експлозив во куќата на Вељко Беливук во Ритопек, што ја користеле членовите на гнеговата група за извршување на страшни ѕверства и убиства.

Пронајдена е тајна просторија во таа „куќа на ужасот“, до која дојдовме откако разговаравме со членовите на таа група. Пронајдовме големо количество оружје во просторијата, повеќе од десет килограми разни видови експлозив и индустриска машина за мелење месо, за мелење коски – изјави Вулин.

Министерот истакна дека јавноста не смее да дозволи никој да се обиде да го релативизира пронајденото и да го претстави како „политичка или навивачка пресметка“.

Ова е пресметка со најсериозната организирана криминална група уште од времето на „Земунскиот клан“ и е пресметка со луѓе кои убија други луѓе на најмонструозен начин. Групата била подготвена со таа количина експлозив да води конфликт и со државата – изјави Вулин.

Тој додаде дека не е исклучена можноста во куќата во Ритопек да има други тајни простории.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.