Водачите на озлогласената српска криминална група, Вељко Беливук (36) и Марко Миљковиќ – Месар (30), обвинети за најмалку пет убиства и други тешки кривични дела, повеќе од една година во затвор живеат во страв од одмазда и да не бидат отруени од некого.

Како што за „Информер“ раскажува добро упатен извор, тие двајца, секогаш кога можат, нарачуваат храна „од надвор“, а потоа строго се грижат доставувачите на пакети да бидат луѓе од доверба. Се плашат дека некој може да им подметне отров, слично како што се сомнева дека пред повеќе од две години се обиделе да му стават цијанид во храната на Јован Вукотиќ, еден од водачите на „Шкаљарците“, додека тој беше во притвор во Белград.

Изворот на весникот открива дека Беливук и Миљковиќ се речиси параноични кога станува збор за земање храна во притворот.

Во мензата се обидуваат да земат само фабрички спакувани намирници, а кога нарачуваат храна однадвор, се јасни дека пакетите ги доставува некој на кој му веруваат, некој кој прв ќе ја проба храната за да се увери дека не е отруена – открива изворот.

Според изворот, и Беливук и Миљковиќ по цел ден вежбаат во ќелија и тоа всушност им е единственото хоби. За читање книги не се заинтересирани.

Иако со својот арогантен однос се обидуваат да остават впечаток на опасни криминалци, избегнуваат секаков конфликт со чуварите и се трудат да одржуваат коректни односи со нив. Тие го почитуваат куќниот ред и досега не иницирале инциденти со други приведени – вели изворот на весникот.

На прашањето како лидерите на клановите се справуваат со тоа што им се заканува доживотен затвор за страшните злосторства и дали се свесни дека, најверојатно, никогаш нема да бидат ослободени, соговорникот истакнува дека Беливук и Миљковиќ се обидуваат јавно да покажуваат загриженост и страв.

Сосема е сигурно дека се свесни за тоа, но се трудат никој да не го види тоа. Со оглед на нивното однесување од 4 февруари минатата година, од кога се во притвор, верувам дека во понатамошната судска постапка ќе одат на се или ништо, во смисла дека ќе продолжат да се однесуваат арогантно, како водачи на моќна банда, од која постои закана за одмазда кон политичарите и полицајците кои наредиле нивно апсење – вели изворот.

Како пример за ароганцијата на Беливук, соговорникот го наведува примерот како тој се подготвил за првото појавување пред судскиот совет во средата, на подготвителното рочиште.

Наместо да облече одело или нешто соодветно за во судот, Беливук се однесуваше во стилот: „Не ми е гајле, јас сум гангстер, па така и ќе се облечам“. Потоа на суд се појави во бела маичка, додека Миљковиќ беше во црно, практично во боите на Партизан, како да се договориле. Тоа беше јасна порака и до судот и до јавноста дека продолжуваат да контролираат голем број навивачи и дека нема да покажат ни најмало каење за ужасните злосторства што ги направија под плаштот на навивачката група „Принципи“, а во корист на „Кавачкиот клан“ – вели соговорникот на „Информер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.