Во осум земји, се уапсени 61 лице, а запленети се повеќе од 4 тони кокаин. Падна Балканскиот картел“ на чело со Небојша Прелевиќ- Небо (50).  Начинот на кој функционирал кланот бил  како филм.

Тие Имале лажни документи, комуницирале преку банкноти, переле пари преку продажба на колумбиски фудбалери, менувале локации, возеле скапи автомобили и престојувале во елитни хотели, но не знаеле дека цело време ги следат.

Покрај- Небојша Прелевиќ, кој живеел во Нови Сад, уапсен е Ј.Ј. (57), Србин кој живеел во Шпанија, потоа Р. Б. (33) и М. М. (34) од Белград, како и С.П.

Полицијата го следела нивното делување бидејќи ги переле парите преку фудбалски тимови, најчесто од Колумбија.

Благодарение на работата што ја направи ДИПОЛ во Колумбија, се дозна како се поврзани со светот на фудбалот. Продажбата на одредени играчи била проследена со трага од перење пари што ги стекнале преку трговија со дрога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.