Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе присуствува на церемонијата за полагање камен-темелник, за изградба на фабрика за производство на вакцини на „Синофам“.

Објектот се гради со заедничко вложување на Србија, Кина и на Обединетите Арапски Емирати.

Фабриката ќе се гради во земунската населба Соко Салаш, во делот на индустриската зона „Автопат“.

За време на церемонијата на поставување камен -темелник во Земун, Вучиќ изјави дека во таа фабрика, покрај производството, „ќе можат да се подобрат и пополнат нови компоненти за идните вакцини“.

Тој посочи дека капацитетот на фабриката е 40 милиони дози годишно и дека „планот“ е да произведат 30 милиони, „што е доволно за Србија, регионот и сите што се заинтересирани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.