Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.053 нови позитивни на Ковид-19, а пет пациенти починале како последица на болеста.

Тестирани биле 9.430 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“,  во болниците низ Србија има 38 пациенти коишто се ставени на респиратори

Тоа е зголемување од 50%, со оглед на тоа што во претходната дневна статистика беа објавени 26 лица приклучени на апарати за дишење.

Поради таквиот раст на епидемијата, пристигнуваат драматични предупредувања од експертите и сè повеќе најави за нови рестриктивни мерки, како што се скратување на работата на угостителските објекти и задолжителен тест за ПЦР за влез во Србија.

Во меѓувреме српските медиуми извастуваат за нелегални корона забави со масовно присуство во кафулињата и ноќните клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.