Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ја пречека испораката на милион дози на вакцината „Синофарм“ од Кина.

Како што соопшти прес-службата на Вучиќ, утрово ќе пристигне авионот „Ер Србија“ на аеродромот „Никола Тесла“.

Авионот ќе биде пречекан и од амбасадорот на Кина во Србија, Чен Бо и министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар.

Српските медиуми, претходно вчера јавија дека најверојатно в недела со кинеската вакцина ќе почне имунизацијата на здравствените работници.

Во Србија во тек е имунизација со вакцината на Бионтек/Фајзер и со руската вакцина „Спутник 5“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.